Бајден: Не треба да се бориме во војна во која Авганистанците одбиваат да учествуваат – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/21 10:33 PM

Бајден: Не треба да се бориме во војна во која Авганистанците одбиваат да учествуваат

Претседателот на САД, Џо Бајден, изјави дека во потполност стои позади својата одлука за повлекување од Авганистан, бидејќи американските војници не би требало да се борат и да ги губат своите животи во војна во која самите Авганистанци не сакаат да се борат.

Вчерашното обраќање кон јавноста од „Белата куќа“, претставува прва изјава на Бајден по преземањето на власта во Авганистан од страна на Талибанците.

 

Цврсто стојам позади одлуката за повлекување на војниците

Бајден изјави дека цврсто стои позади својата одлука за повлекување на американските трупи, без разлика на тоа што Талибанците за неколку дена ја срушија авганистанската влада и ја презедоа контролата над земјата. Нагласи дека не сака да ги повтори грешките од минатото и да остане во војната која не е во сферата на интереси на САД.

 

Авганистанските политички лидери кренаа раце и избегаа од земјата

Бајден дополни дека американските сили не би требало да се борат во војна во која Авганистанците самите не сакаат да учествуваат. Политичките лидери кренаа раце и побегнаа од земјата, а војската одби да се бори. Меѓутоа, претседателот на САД призна дека авганистанската влада паднала побрзо од очекувањата на САД. Откри и дека авганистанскиот претседател Ашраф Гани одбил да соработува во обидот за пронајдување дипломатско решение.

 

Сцените од Кабул создаваат грч во желудникот

Сцените во Кабул, каде што владее хаос на аеродромот, создаваат „грч во желудникот“. Во претстојните денови американската војска ќе ги евакуира американските граѓани од Авганистан, изјави Бајден и најави дека САД ќе продолжи да поддржува сигурен излез од земјата на сите домашни сојузници. На Талибанците им е ветена брза и жестока реакција доколку ги нападнат „нивните луѓе“.

 

 

Извор:

hr.n1info.com

Фото:

texastribune.org