Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Пабло Симеоне, пред мечот со реал во Суперкупот на УЕФА, рекол дека амбициите на неговиот тим се да го освои трофејот. Атлетико минатата сезона ја освои Лига Европа, а во преодниот рок се засили со Тома…
Тренерот на фудбалерите на Атлетико Мадрид, Диего Пабло Симеоне, пред мечот со реал во Суперкупот на УЕФА рекол дека амбициите на неговиот тим се да го освои трофејот. Атлетико минатата сезона ја освои Лига Европа, а во преодниот рок се засили со Тома Лемар, Желсон Мартинс, Никола Калиниќ и Сантијаго Аријас.
„Ќе дадеме сè од себе за да победиме на овој натпревар. Атлетико мора да биде подобар отколку што беше минатата сезона. Имаме големи очекувања“, рекол Симеоне.
„Имавме тешка претсезона бидејќи многу играчи имаа обврски на Светското првенство. Некои успеаја да ја освојат престижната титулата (Гризман, Хернандез, Лемар), што само го зголеми нашиот ентузијазам“.
Тренерот на Атлетико смета дека неговиот тим е во подбра позиција од Реал, кој во овој преоден рок остана без Кристијано Роналдо.
„Физички сме подобро подготвени од Реал. Меѓутоа, решавачки фактор ќе бидат емоциите, тоа треба да биде нашата предност“, дополнил Симеоне.
Инаку, поради суспензијата од УЕФА, популарниот Чоло нема да биде на клупата на својот тим, туку мечот ќе го следи од трибините.
Атлетико во Талин ќе го предводи помошникот на Симеоне, Ернан Бургос.