Во ова вознемирувачко видео, може да се видат Авганистанци како се обидуваат да го задржат американскиот воен авион додека полетува од аеродромот во Кабул. Според извештаите, најмалку три лица загинале откако паднале од авионот.
Илјадници луѓе брзаат кон аеродромот во Кабул за да избегаат од Талибанците додека бунтовниците продолжуваат со преземањето на Авганистан.


