11 годишно дете повредено во сообраќајна незгода во Неготино – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/18 8:37 AM

11 годишно дете повредено во сообраќајна незгода во Неготино

Во сообраќајна незгода во Неготино во двор на здравствена ординација повредено е 11 годишно дете, со тешки телесни повреди по укажаната лекарска помош во кавадаречката болница,момчето е пренесено во Скопје,информира портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

– На ден 14.08.2018 година во 09.30 часот во Неготино на ул.„Ико Заров“ во дворот на ЗО „Хипократ“ случена е сообраќајна незгода во која дошло до удар на  патнички автомобил марка „КИА Спортаж“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.Н.(48) од Неготино  во пешак – единаесетгодишно дете. Во незгодата пешакот е тешко телесно повреден и со возило на Итна медицинска помош – Неготино е пренесено до Општа болница – Кавадарци и по укажаната медицинска помош е пренесена во Ургентен Центар Скопје.Увид на местото на настанот изврши екипа од ПС Неготино.

Доктор Благоја Митев од Општа болница Кавадарци информира дека детето било донесено во свесна состојба,вознемирено со тешка повреда на карлицата.

– Му се даде симптоматска терапија од наша страна,со сите потребни прегледи и увиди од наша страна во имобилизирана положба со оглед на тежината на повредите беше префрлено на Клиника за трауматологија во Скопје,изјави др.Митев.

Според билтенот на СВР Велес,во првите шест месеци од оваа година на територијата на ПС ОН Неготино се случени вкупно 56 сообраќајни незгоди каде во една од нив едно лице го загубило животот, 8 сообраќајни негоди завршиле со тешки телесни повреди,  18 со телесни повреди и  во 29 сообраќајни незгоди е евидентирана само материјална штета.

Билјана Тошевски