ВМРО-ДПМНЕ објави дел од своите кандидати за градоначалници за престојните локални избори – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/21 12:50 PM

ВМРО-ДПМНЕ објави дел од своите кандидати за градоначалници за престојните локални избори

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција претстави дел од своите кандидати за градоначалници за престојните локални избори, а останатите ќе бидат соопштени во следните денови. Како што рече потпретседателот на партијата Александар Николовски, ВМРО-ДПМНЕ годинава излегува со најголем процент нова генерација на политичари кои ќе создадат нова понуда за сето она што е потребно во општините.

Новите кандидати според Николовски се нови и енергични лица, со исклучително богато професионално и лично искуство, спремни да се посветат на општините што ги водат.

– Во изборот на кандидати за градоначалници се водевме пред се од мислењето на граѓаните, па ова се лица со највисок рејтинг и поддршка од народот од населените места од кои што доаѓаат, рече Николовски.

Инаку од сега соопштените имиња, предоминантни се мажите, но Николовски одговарајќи на новинарско прашање рече дека ќе имало жени во следните денови.

Ова се досегашните имиња:

Општина Центар – Наташа Котлар

Општина Кисела вода – Орце Георгиевски

Општина Сопиште – Стефче Трпковски.

Општина Кочани – Љупчо Папазов

Општина Петровец – Борче Митевски.

Оптшина Илинден – Александар Георгиевски

Општина Штип – Иван Јорданов

Општина Велес – Марко Колев.

Општина Радовиш – Александар Ристов

Опшина Конче – Златко Ристов

Општина Босилово – Ристо Манчев

Општина Валандово – Тони Узунов

Општина Богданци – Марјан Пејев

Општина Дојран – Филип Дончевски

Општина Гевгелија – Андон Сарамандов

Општина Неготино – Д-р.  Горан Стојанов

Општина Демир Капија – Андон Донев

Општина Росоман – Тихомир Николов

Општина Прилеп – Д-р. Борче јовчески

Општина Кривогаштани – Александар Богданоски

Општина Могила – Драганчо Саботковски

Општина Новаци – Стевче Стевановски

Општина Вевчани – Спасе Кочовски

Општина Брвеница – Јовица Илиевски

Општина Јегуновце – Димитар Костадиновски

Општина Гази Баба – Бобан Стефковски