Повреден малолетник од струмичко – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/21 10:55 AM

Повреден малолетник од струмичко

Во сообраќајна несреќа повреден е малолетник од струмичкото село Баница, информираат од полицијата.

– Вчера околу 19.20 часот на регионалниот пат на влез од с.Баница, струмичко, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „форд“, со струмички регистарски ознаки, управувано од З.С.(39) од с.Баница и велосипед, управуван од малолетник од истото село. По незгодата малолетникот бил пренесен во Медицински центар Струмица, каде му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото извршила увидна екипа на СВР Струмица, велат од МВР.