Многу сум разочаран од протестот, здравствените работници деноноќно се борат за животот на пациентите, вели министерот Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/21 10:52 AM

Многу сум разочаран од протестот, здравствените работници деноноќно се борат за животот на пациентите, вели министерот Филипче

Во врска со вчерашниот протест, на кој дел од граѓаните кои сметаа дека се дискриминирани и носеа транспаренти навредувачки за лекарската фела,  Филипче на средбата со новинарите рече:

-За жал морам да кажам дека многу сум разочаран. Јасно е дека вакцините се безбедни, од милион дадени дози немаме никаква посериозна компликација, исклучително мал број, во промили, има пациенти кои се вакцинирале со две дози и пак се заразиле. За 20 пати се намалува ризикот од смртен исход и тоа е суштината. На протестот не слушанавме никаква реторика или порака во однос на вакцините. За жал, тоа беше протест полн со навреди и закани за здравствените работици, тие кои ги ризикуваа своите и животите на нивните семејства за здравјето на пациентите, да се борат деноноќно за пациентите, а еве ги и сега повторно со овој систем кој го активираме. Верувам дека  пораката за безбедноста на вакцинацијата и важноста да се заштити јавното здравје како врвен приоритет пред било која индивидуална одлука треба да им е јасна на граѓаните. Ќе побарам и Лекарската комора да излезе со осуда за тоа вчера што се случи, рече Филипче.

Филипче беше запрашан и дали смета дека овие одлуки се задоцнети, токму поради дозволените свадби на затворено, бидејки голем дел од сега заразените доаѓаат од таму.

-Сметам дека не. Тогаш беше мирна ситуацијата и постепено се враќаа животните процеси во нормала. Во првиот момент кога забележавме дека има зголемување на случаите ги донесовме првите мерки и препораки. Во таа смисла и групирањето на луѓето надвор и во домовите и пред и по прославите е секогаш ризик кога има такво локално ширење. Такви примери имаше и порано, од такви примери имаше ширење на брановите, додаде тој.