Во врска со вчерашниот протест, на кој дел од граѓаните кои сметаа дека се дискриминирани и носеа транспаренти навредувачки за лекарската фела, Филипче на средбата со новинарите рече:
-За жал морам да кажам дека многу сум разочаран. Јасно е дека вакцините се безбедни, од милион дадени дози немаме никаква посериозна компликација, исклучително мал број, во промили, има пациенти кои се вакцинирале со две дози и пак се заразиле. За 20 пати се намалува ризикот од смртен исход и тоа е суштината. На протестот не слушанавме никаква реторика или порака во однос на вакцините. За жал, тоа беше протест полн со навреди и закани за здравствените работици, тие кои ги ризикуваа своите и животите на нивните семејства за здравјето на пациентите, да се борат деноноќно за пациентите, а еве ги и сега повторно со овој систем кој го активираме. Верувам дека пораката за безбедноста на вакцинацијата и важноста да се заштити јавното здравје како врвен приоритет пред било која индивидуална одлука треба да им е јасна на граѓаните. Ќе побарам и Лекарската комора да излезе со осуда за тоа вчера што се случи, рече Филипче.
Филипче беше запрашан и дали смета дека овие одлуки се задоцнети, токму поради дозволените свадби на затворено, бидејки голем дел од сега заразените доаѓаат од таму.
-Сметам дека не. Тогаш беше мирна ситуацијата и постепено се враќаа животните процеси во нормала. Во првиот момент кога забележавме дека има зголемување на случаите ги донесовме првите мерки и препораки. Во таа смисла и групирањето на луѓето надвор и во домовите и пред и по прославите е секогаш ризик кога има такво локално ширење. Такви примери имаше и порано, од такви примери имаше ширење на брановите, додаде тој.


