Манекенка вербално нападната бидејќи престанала да го дои бебето: Луѓето премногу осудуваат, сакаат се’ да биде совршено – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/21 10:55 AM

Манекенка вербално нападната бидејќи престанала да го дои бебето: Луѓето премногу осудуваат, сакаат се’ да биде совршено

Наталија Кихара, претприемничка, модел и мајка на две деца, се најде на удар на критики од јавноста бидејќи престанала со доење два месеца откако се породила.

„Многу луѓе ме критикуваа бидејќи мислеа дека тоа сум го направила за да можам да се вратам на тренирањето и да се грижам за себе и своето тело, но тоа не е вистина. Доењето е многу тешко“, изјавила таа за медиумите.

Инфлуенсерката се вратила во теретана два месеца по породувањето. Веднаш почнала секојдневно да тренира и набргу успеала да симне 14 килограми.

„Доењето го помага процесот на слабеење и затоа никој не може да ми каже дека сум престанала за да симнам некој килограм. Тоа за мене беше здравствен проблем, а луѓето премногу осудуваат, сакаат се’ да биде совршено. Мајчинството е всушност болно и никој не е спремен за тоа“, додала таа.

Кихара отсекогаш била посветена на фитнесот, па таа осмислила и апликација за која смета дека ќе им го зголеми либидото на жените во бременоста.

„Морав да побарам специфични вежби за овој единствен период во животот на жените. Тешко е да вежбате во текот на бременоста, а и самата сакав нешто што ќе ми помогне да го изгубам либидото“, појаснила таа. Иако мајчиното млеко е најдобар избор за бебето, не функционира секогаш. Некои од причините поради жените престануваат со доење или тоа воопшто не го прават, се проблеми со количината на млеко, инфекции, маститис или специфична здравствена состојба.

 

Извор:  index.hr