На денешната средба со новинарите министерот Филипче беше запрашан и за нашите кои се враќаат од Авганистан, односно кои мерки ќе важат за нив.
-Во врска со нашите кои се враќаат од Авганистан ќе биде задолжителен 14 дневен карантин. Ова утре ќе биде предложено до Владата и секако понатаму ќе се препорача вакцинација за сите кои ќе влезат. Мал број луѓе се тоа но, без разлика, тоа се препораките, рече Филипче.


