Од утре можни нови мерки за влез и излез во државава и трета доза вакцина, најави Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/21 10:21 AM

Од утре можни нови мерки за влез и излез во државава и трета доза вакцина, најави Филипче

На денешната средба со новинарите министерот за здравство Венко Филипче мегу другото кажа и дека утре на седница на Владата ќе биде дискутирано за нови мерки за влез и излез од државава, а тие мерки ќе важат за сите, и за македонските државјани и за странци.

-Се размислува за воведување  дополнителна мерка, а тоа е за влез и излез во државата без разлика дали се наши или странци, ќе биде потребен доказ за вакцина, негативен ПЦР тест или доказ дека ја прележале болеста. Утре ќе се разговара како за мерката така и за тајмингот, како ќе биде имплементирана, бидејќи многу граѓани сега се надвор од земјава, рече министерот и додаде

-На сите овие мерки суштината е да се стави акцентот на имунизација и вакцинација. Нема логика некој да прави ПЦР тест, да се изложува на трошок само да присуствува на некој настан. Утрово од Комитетот за имунизација стаса препорака, а тоа е да се препорача трета доза на имунокомпромитирани, според препораката на Си Ди Си и здравствените институции во Америка. Со трета доза ќе бидат вакцинирани пациенти кои се трансплантирани, пациенти кои се на хронична дијализа и други. Препораката дојде денес и веќе во текот на неделата ќе стартува и овој процес  , рече тој.