„8ми Стептември“ и модуларната болница на КИБФС повторно отворени за болни со Ковид – Филипче на средба со директорите на клиниките – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/21 9:47 AM

„8ми Стептември“ и модуларната болница на КИБФС повторно отворени за болни со Ковид – Филипче на средба со директорите на клиниките

Министерот за здравство Венко Филипче утрово одржал состанок  со директорите на клиниките, на кој  дискутирале за повеќе аспекти поврзани со менаџирањето на состојбата и капацитетите за прием на пациенти заболени со Ковид 19 вирусот, кои имаат потреба од клинички третман.

-Она што е неопходно е проширување на капацитетите за прием на пациенти и за таа намена од денеска се ставаат во функција 8ми Септември и модуларната болница на КИБФС. Го менаџираме здравствениот систем и веќе се подготвени тимови за ротација на здравствен персонал според потребите на клиниките. Многу е битно да им помогнеме на медицинските лица при започнување на 4тиот еппидемиолошки бран, а тоа можеме да го направиме единствено со вакцинација. Вакцините може значително да го успорат процесот на проширување на вирусот, да влијаат на исходот од болеста и затоа, бидете одговорни во овој процес. Потребно е што повеќе луѓе да бидат вакцинирани за да се постигне солиден колективен имунитет, напиша Филипче на својот Фејсбук профил.