Зошто лебот е толку вкусен а толку штетен и предизвикува болести – ММС
ММС

Објавено на: 08/16/21 9:48 AM

Зошто лебот е толку вкусен а толку штетен и предизвикува болести

Години наназад експертите советуваат да избегнуваме леб и пецива со квасец. Како што истакнуваат, оваа храна има повеќекратни негативни ефекти врз здравјето. Лекарите открија дали ова е вистина и како квасецот му штети на нашето здравје.

Зошто квасец? Едноставно кажано, квасецот е наједноставниот едноклеточен микроорганизам кој активно учествува во процесот на ферментација. Во нашата средина, тие се наоѓаат на површините на разни плодови.
Денес, термофилниот квасец се користи во производството на леб, а тоа се специјално создадени габи кои се многу отпорни на високи температури. Благодарение на нивната употреба, процесот на правење леб значително се забрза.

Што се случува со телото кога квасецот влегува во него?

Првото нешто што се случува е слабеење на имунолошкиот систем. Кога квасецот влегува во телото, почнува активно да се размножува. За да преживеат габите, им треба храна. А тоа значи дека тие ќе ги земат сите витамини и минерали од нашето тело. Како резултат на тоа, имунитетот постепено се ослабува, што може да доведе до сериозни болести.

Следниот проблем што се појавува е нарушување на циркулацијата. Габите можат да предизвикаат згрутчување на крвта што ја нарушува циркулацијата, и резултира со болести на срцето, црниот дроб и белите дробови.

Исто така, се јавува труење со тешки метали. Во производството на термофилен квасец, се користат голем број хемиски елементи и тешки метали – белило, технички калиум карбонат, итн.

Извор и фото: mondo.rs