Енормно порасна бројот на хоспитализирани пациенти со КОВИД 19 во Клиничката болница Тетово.Изминатиов викенд се примени над 30 лица или вкупно се хоспитализирани над 80 пациенти
Пациентите се лекуваат на двата ката од интерното одделение во модуларната болница на инфективното одделение, како и во болницата за белодробни заболувања во Лешок. Оделенијата се преполнија, а пациенти се препраќаат на скопските клиники. И во перидов што следи се очекува раст на бројот на хоспитализирани
Од Министерството за здравство, информираа дека на колегите од Тетово им се дава соодветна поддршка во делот на кадар и сместувачки капацитети.
Од пред два дена пациенти се сместуваат и во болницата во с. Лешок, а доколку е потребно пациенти ќе бидат сместувани и во други болници во близина или во Скопје.
Во текот на утрешниот ден ќе се донесе одлука дали и колку дополнителен кадар кој во најкус рок ќе биде распореден. Министерството за здравство размислува и за воведување дополнителни локални мерки за што ќе биде разговарано утре, истакнаа од Министерството за здравство
Здравствените работници уште еднаш апелираа на почитување на мерки и протоколи
Свадбите и семјените веселби спред епидемиолизите се главната причина за масовна и широка распространетост на вирусот.
Зоран Димовски