Портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова, коментирајќи ја ситуацијата во Авганистан, изјави дека светот со ужас го посматра резултатот на уште еден експеримент на Вашингтон.
-Изненадувачки, но вистинито, во Авганистан се случува конфликт меѓу две сили, а двете се резултат на мисловниот процес на САД. Светот со ужас го следи резултатот на уште еден историски експеримент на Вашингтон, објави Захарова на Телеграм.
Талибанците по повлекувањето на САД и сојузниците од Авганистан, почнаа силна офанзива и освоија две третини од државата, а денеска влегоа и во Кабул.