Талибанците денеска влегоа во авганистанската престолнина, а откако претседателот Ашраф Гани го напушти Кабул и отпатува за Таџикистан, талибанците и официјално останаа единствена воена и политичка власт која има потполна контрола над главниот град на државата.
Набрзо откако беше објавено дека Гани стигнал во Таџикистан, талибанските борци влегоа во центарот на Кабул.
Високи претставници на авганистанското МВР, за Ројтерс изјавиле дека талибанците пристигнуваат од сите страни, но засега нема извештаи за борби.
Портпаролот на талибанците Забихулах Мујахаид потврди дека влегле во Кабул со цел да го спречат уништувањето на градот кое настанало по заминувањето на претседателот.
Али Ахмад Јахали, универзитетски професор во САД и поранешен минитер за внатрешни работи на Авганистан,, веројатно ќе биде на чело на приврементата влада во Кабул, соопштиле три дипломати за Ројтерс.
Портпаролот на кабинетот на претседателот Ашраф Гани кажа дека претседателот разговара со американскиот пратеник за Авганистан и со високи претставници на НАТО. Потоа Ројтерс повикувајќи се на висок претставник од МВР, објави дека Гани во меѓувреме ја напуштил земјата.
Власта би можела да биде предадена на привремена влада, нема да има напад на градот, договорено е мирно предавање, напиша на твитер министерот за внатрешни работи Абдул Сатар Мирзакавал.
Лидерот на политичкото крило на талибаните Мула Абдул Гани Барадар патува од Доха во Кабул, истакна талибански избор во Доха за Ројтерс.
Претседателската палата на твитер објави дека се слуша пукање на повеќе точки околу Кабул, но дека безбедносните сили во координација со меѓународните партнери го контролираат градот.
Најголем дел од улиците во главниот град се блокирани од автомобили кои брзаат да стигнат до своите домови или до аеродромот. Многумина исто така ги оставиле автомобилите и пешки тргнале кон аеродромот.
🇦🇫 · #Afganistan situation report
17.04 Central European Summer Time–
Civilians leave the city of #Kabul, after the #Taliban announcement of the takeover of the city to prevent looting.#KabulHasFallen pic.twitter.com/vKI3MGm4wS
— Iván Esteve (@EsteveGirbes01) August 15, 2021
Во последните денови голем број Авганистанци ја напуштија државата стравувајки од враќањето на радикалното исламистичко владеење.
извор:н1


