Тајната е во минутите: Како да подготвите највкусна пченка – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/21 2:58 PM

Тајната е во минутите: Како да подготвите највкусна пченка

Младата пченка е идеална за топлите летни денови, а поради својот сладок вкус е и омилен оброк како за децата, така и за постарите.

Освен што има добар вкус, пченката е здрава бидејќи е богата со минерали и влакна. Содржи големи количини фолат, витамин Б и бета криптоксантин кој во организмот се претвора во витамин А.

Енергетската вредност на пченката е околу 120 калории на 100 грама.

Подготвувањето на пченката е едноставно, но за да биде спремана совршено најважно е да се испочитува минутажата.

За почеток треба да се измие пченката и да се потопи во тенџере со ладна вода. Од кога водата ќе зоврие треба да се држи на шпорет точно 10 минути. Потоа треба да се тргне, да се процеди и повторно да се прелие со ладна вода. По три минути пченката е спремна за јадење.