Добиени согласности за професионалните војници над 45 години да се распределат по други институции по изборите – ММС
ММС

Објавено на: 08/15/21 2:01 PM

Добиени согласности за професионалните војници над 45 години да се распределат по други институции по изборите

Пред распишувањето на локалните избори се добиени согласности за најавената распределба на професионалните војници со наполнети 45 години во други институции, но тоа ќе се операционализира по завршување на изборите.

Како што изјави државниот секретар Драган Николиќ за реализација на добиените согласности војниците ќе мора да чекат да помине изборниот период.

Министерството за одбрана како никогаш досега го решава статусот на професионалните војници со исполнети 45 години возраст во насока на изнаоѓање системско решение за нивната егзистенција. За професионалните војници кои изразуваат незадоволство што се уште се во Министерството за одбрана, а не се распоредени во институциите, сакам да известам дека непосредно пред прогласување на изборите ги добивме сите согласности во насока на нивно решавање во други институции, но заради определнеите пречки во изборниот период нивното решение ќе остане по завршувањето на изборите, изјави Николиќ.

Тој воедно апелира што поскоро во Собранието да се изласаат промените во Законот за служба во Армијата, со цел побрзо решавање на нивиниот статус.

-Како што професионалните војници им помагаат на граѓаните во сите кризни ситуации што покажаа и тековните пожари низ државите повторно апелирам до избраниците на граѓаните односно пратениците, час поскоро да ги изгласаат промените во Законот за служба во армијата со што ќе им се отвори долго очекуваната нова можност и решавање на нивниот статус, а тоа се опремнините во висина од најмалку 20.000 евра до 25.000 евра за нивниот работен век во армијата, истакна секретарот.

 

МИА