Сите очекуваа среќни лица, а парот изгледа разочарано: Џеј Ло и Бен Афлек фатени на романтична вечера – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/21 8:16 PM

Сите очекуваа среќни лица, а парот изгледа разочарано: Џеј Ло и Бен Афлек фатени на романтична вечера

Популарниот пар Џенифер Лопез и Бен Афлек излегоа на вечера, но после тоа изгледаа многу разочарано!

Џенифер и Бен изгледаат разочарани по романтична вечера!

Популарната актерска двојка Џенифер Лопез и Бен Афлек го поминаа претходниот период на Медитеранот, каде уживаа во крстарењето и сончевите денови. Двојката беше фатена многу пати тогаш во романтична прегратка и со среќни насмевки на лицата.

Среќниот пар загрижи многумина при враќањето во Америка, бидејќи беа фатени на романтична вечера во луксузен ресторан во Беверли Хилс, но откако го напуштија ресторанот, нивните обожаватели не можеа да ја видат среќата на која се навикнати кога станува збор за овој пар.

Бен изгледаше прилично разочарано кога го напушти ресторанот, а ниту Џеј Ло не изгледаше посреќна, па многумина се прашуваа што се случува со популарниот пар.

Никој не ги пропушти нивните складни стајлинзи. И додека Бен изгледаше многу убаво во црни панталони и бела јакна во боја на кафе, Џенифер покажа уште еден одличен летен стајлинг кој одлично стои на нејзината славна силуета.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bennifer 2.0 (@2.0bennifer)

Извор: Република.рс