Разорен земјотрес од 7 степени го погоди Хаити – Пострашен од тој во 2010 година – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/21 2:50 PM

Разорен земјотрес од 7 степени го погоди Хаити – Пострашен од тој во 2010 година

Силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала ја потресе денеска островската држава Хаити.

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Хаити, објави Геолошкиот завод на Соединетите Американски Држави.

Епицентарот на земјотресот бил на 12 километри североисточно од Сен-Луис-ду-Суд.

Луѓето во главниот град Порт-о-Принс го почувствувале земјотресот и многумина исплашени излегле на улиците.

Според официјалните податоци, овој земјотрес е потежок од земјотресот што ја погоди таа земја во 2010 година и беше со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала. Во тоа време беа погодени повеќе од три милиони луѓе, а официјалниот број на смртни случаи варираше помеѓу 100.000 и 160.000.

Во тоа време, повеќе од 250.000 домови беа оштетени, а сега се уште нема први информации за степенот на штетата и можните жртви.

Извор: Мондо.рс