Триесет и тригодишниот искусен интернационалец, Петери Копонен, конечно се врати дома, потпишувајќи договор со Хелсинки Сиглс.
Копонен по цели 13 сезони надвор од својата земја повторно ќе заигра пред домашната публика. Во 2008 година тој го напушти Тапиолан Хонка и остави своевиден печат во Евролигата со повеќе од 150 официјални настапи.
Пред трансферот во Хелсинки, Копонен играше за италијанскиот тим Реџио Емилија, каде што забележа 9.0 поени и 2.5 асистенции во просек по натпревар. Во професионалната кариера, бек-шутерот го има носено дресот на Виртус Болоња, Химки, Барселона и Баерн Минхен.
Во 2007 година како 30-ти пик на НБА драфтот беше избран од Филаделфија Сиксерси.
Фото: