Големите шумски пожари ја изнесоа на виделина техничката подготвеност на државно ниво за навремена детекција на пожарите. Директорката на ЈП „Национални шуми“, Јулијана Николова, во емисијата Стадион кажа дека дронот е наменет за мониторинг во Беровско и Пехчевско и е донација од Швајцарската амбасада и е дониран само неколку неделе пред избивањето на големиот шрумски пожар во овој крај.
-Но имаме и уште три дрона што го користиме на ниво на целата држава кога правиме планови и проекции за шумите, рече Николова.
Со оглед на интензитетот на големите пожари, се очекуваат големи штети. Проценките се прават и како што рече директорката на „Национални шуми“, наскоро ќе излезат со проценките.
-Стручни екипи по пожарите излегуваат на терен за проценка. Годинава ке имаме многу повеќе работа и очекуваме наскоро да излеземе со проценки. Подолг период имаше помали умски пожари, изјави Николова.
Николова одговори и на обвинувањата дека нема заштитни појаси или не биле доволно одржувани, зараснати се, поради што се јавиле како иницијална каписла за појавата на пожарите.
-Правиме се’ да ги прочистиме, секоја година отвораме патиша. Но, старата механизација не’ ограничува. Си земаме за обврска и тоа да го решиме, одговори Николова.
За врската дивокрадци – полиција, што се споменува како една од причините за пожарите, Јулијана Николова во Стадион рече дека од тоа најголемите штети ги трпи ЈП „Македонски шуми“, но и екологијата.
-Шумокрадците се голем проблем, се бориме на секаков начин. Сме ориентирани на нови технолошки системи, со цел да се подобри заштитата. Продажбата како изгорено дрво се јавува како проблем и тоа се продава по многу поефтини цени. Наш интерес е да имаме здрава шума, кажа Јулијана Николова, која оцени дека по големите пожари, ќе бидат потребни меѓу 20-50 години за да се обнови шумата.
Објавено на: 08/14/21 1:31 PM