Претседателот на мадридски Реал, Флорентино Перез, размислува за преселба на Реал Мадрид во Премиер Лигата.
Конфликтот на релација Тебас-Перез има поголема историја, но кулминираше уште во април годинава кога претседателот на Реал Мадрид, заедно со челниците на Јувентус и Барселона ја создаде Европската Супер Лига, проект кој не го виде светлото на денот, со оглед на тоа дека англиските екипи се предомислија и ги оставија трите големци сами во својата замисла.
Шпанската фудбалска федерација предводена од Хавиер Тебас, исто како и останатите топ пет европски федерации, силно опонираше на идејата за Супер Лигата, а таквиот однос и став воопшто не му одеше во прилот на Флорентино Перез.
Последниот конфликт на Перез и Тебас се однесува околу договорот со инвестицискиот фонд CVC кој Ла Лига веќе го потпишала, но според некои од екипите во Шпанија, тој е сомнителен и спорен. Четири шпански клубови, помеѓу кои и Реал Мадрид, одбија да го потпишат овој договор според кој споменатиот фонд би заработувал во следните 50 години од Ла Лига, а засега има вложено само 2,7 милијарди евра.
Како што пренесуваат шпанските медиуми, Перез размислува да ја напушти Ла Лига и да се обиде да го пресели својот клуб во некои од топ пет лигите во Европа. Бундеслигата и Сериа А се наведуваат како можни опции, но Премиер Лигата за Перез претставувала вистинско решение и вистинска околина за клуб од рангот на Реал Мадрид.
Тој силно верува дека „кралскиот клуб“ ќе му помогне дополнително на најдобрата светска лига во изградбата на имиџот и неговата популаризација, но политичкиот статус на Велика Британија и излегувањето од Европската Унија, ќе го отежнат и попречат планот на Перез во голема мера.
Мадриѓаните со новиот тренер Карло Анчелоти, денес со Алавес ја стартуваат сезоната 2021/22 во Примера.
Фото: