Поради компликации со Ковид-19, почина 28-годишна медицинска сестра од Кичево – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/21 11:58 AM

Поради компликации со Ковид-19, почина 28-годишна медицинска сестра од Кичево

Дваесет и осумгодишна медицинска сестра од општата болница во Кичево, во текот на вчерашниот ден ја загуби битката со корона вирусот, изјавил за порталот,,ПлусИнфо”, директорот на општата болница, Станко Трпески.

-Во текот на минатата недела нашата колешка беше примена во болницата во инфективното одделение кај нас при што и беше укажана соодветна грижа. Таа се лекуваше во болнички услови од четвртокот до неделата, но поради влошената здравствена состојба беше транспортирана на Инфективната клиника во Скопје, ја потврдил веста за ,,ПлусИнфо”, директорот Трпески.

Д-р Трпески за порталот објаснува дека по пристигнувањето во Скопје, состојбата на медицинската сестра значително се подобрила, но за жал во текот на вчерашниот ден изненадувачки дошло до влошување на состојбата, по што во попладневните часови ја добиле лошата вест, дека младата медицинска сестра починала.

На новинарско прашање при посетата на општата болница во Охрид, Министерот за здравство, Венко Филипче, не беше запознаен со ваквата ситуација и трагичната вест од Кичево.

 

Извор:

ПлусИнфо