И прележаните ќе имаат слободен влез потврди Филипче – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/21 11:13 AM

И прележаните ќе имаат слободен влез потврди Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче потврди дека и граѓаните кои прележале ковид, покрај тие што примиле најмалку една доза на вакцина, ќе може да влегуваат во затворени простории, односно да присуствуваат на настани.

-На сите настани на затворени и отворено, ќе биде доволно да се приложи и потврда дека пацинетот бил заболен од ковид во рок од 45 дена. Тоа се оние 30 дена неопходни за поминување за вакцинација и 15 дена за организирање на вакцинацијата. Тоа е новина и дополнување на мерката, изјави министерот Филипче при неговата денешна посета на Охрид.

Од 16 август се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид на објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).