Словенечките пожарникари кои активно учествуваа во гаснењето на пожарите на територијата на земјата, се враќаат во Словенија по успешно завршената мисија, известуваат од амбасадата на Република Словенија во Скопје, на својот „Фејсбук“ профил.
-Гордо ги поздравуваме пожарникарите кои успешно ја завршија мисијата и сега му кажуваат збогум на Северна Македонија на граничниот премин Табановце, стоеше во кратката објава на нивниот официјален профил.
Словенија испрати помош на државата за справување со пожарите и огнените стихии, а повеќе од 100 словенечки пожарникари деноноќно заедно со АРМ, колегите од Австрија, Бугарија и локалното население, се бореа со огнот во Берово, Пехчево, Делчево и целиот малешевски-пијанечки регион.