-Јас на улица се чувствувам како херој. Мене граѓани ми пријдуваат скеојдневно. Синоќа пет – шест луѓе дојдоа да се сликаат со мене. Оставте ги социјалните мрежи. Каде се овие луѓе кога одам по улица да ми пристапи и да ми каже дека нешто е погрешно?!, рече во емисијата Стадион на Канал 77, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
Тој смета дека нема пропусти во справувањето со пожарите и рече дека не чувствува потреба да им се извини на граѓаните. Непотребна е споредбата со Грција, смета Ангелов, бидејќи од пожарите излеговме без жртви.
-Штетите во Кочани се напумпани. Во градот Кочани има само еден изгорен покрив и една надвор од градот. Изгорените возила се олупини, на трупци. Видов дека беше зафатен еден стар трактор, рече Ангелов во Стадион.
Следете ја емисијата во живо на:
https://youtu.be/Dh9LAxwXF9U