Пунктовите за вакцинација против коронавирус работат и денес во здравствените установи во земјата, без однапред закажан термин, известуваат од Министерството за здравство.
Тие велат дека граѓаните кои сакаат да се вакцинираат ќе може да го направат тоа како и секој работен ден.
Бројот на активни случаи со Ковид-19 расте, активни се 4369, додека пак во претходниот ден билансот на заразени со коронавирус изнесуваше 672 лица.