Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи, информира УХМР. Максималната дневна температура на југот на земјата ќе изнесува 39 степени.
Следува период на стабилно и топло време. Особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога температурите на места ќе достигнат и 40 степени. Дестабилизирање на времето се очекува од среда кога и температурите постепено ќе бидат во опаѓање.