Пред малку од Берово си заминаа пожарникарите од Словенија кои помогаа во гаснење на пожарите во овој регион. Пламените јазици беснееја скоро две недели, но сега веќе се е ставено под контрола. Состојбата е смирена и словенските пожарникари може да се вратат дома.
А кога се движеше колоната возила низ Берово трубачите им ја свиреа „Качи се моме на коња“.
Со радост ги пречекаа, со песна ги испратија, друг пат да дојдат само на гости, не професионално..