Давид Темелков, младиот македонски музичар кој гради кариера во Хрватска, пред многубројната публика клекна пред својата девојка Хелена Јунг и ја запроси.
Хелена, водителка на телевизијата ЦМЦ и поранешна придружничка на Мис Хрватска, рече „да“ се фрли во прегратките на својот иден свршеник додека публиката ракоплескала.
Емотивниот момент на концертот во Нова Градишка го сними водителот Далибор Петко и снимката ја објави на својат Инстаграм.
Давид и Елена се во врска неколку години, а се запознале во 2015 година на концерт на Тони Цетински.
“Се запознавме по концертот на Тони Цетински, случајно, на забава после тоа кога буквално се судрив со Елена. Не знаев која е таа, а ниту таа знаеше кој сум јас. Веќе на првата средба имаше искра меѓу нас … Не можам да ви објаснам што точно ме привлече кај Елена, но се чувствуваше како да има нешто посебно меѓу нас“, ја опиша Давид нивната прва средба за списанието „Стори“.
“Веднаш ме привлече неговата насмевка, но и неговата симпатичност. Беше одлично што на почетокот на врската не го знаеше добро хрватскиот јазик, па ние знаевме да се смееме на тоа. Ја сакам неговата скромност”, рекла Елена за него.
Извор: Индекс.хр