Вчера во 13.08 часот во СВР Куманово било пријавено дека во Општа болница Куманово била донесена Г.Т.(40) од САД со повреди од огнено оружје, информираат од МВР.
По преземени мерки и извршени разговори дојдено е до сознание дека нејзин роднина Ш.М.(30) од с.Оризаре, општина Липково, додека го чистел службениот пиштол, ненамерно испукал куршум и ја повредил. За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а увид извршила екипа на СВР Куманово.