Невообичаена сообраќајна несреќа се случи денеска во околината на штипските градски гробишта, на патот над капелата, кога автомобил излетал од патот и завршил во провалијата висока околу 20 метри.
Очевидци и лица присутни на лице место велат дека немало траги од кочење.
На терен беше излезена и противпожарна единица која помогнала да се извлече лицето од возилото. По извлекувањето, екипа на брзата помош го презела по што бил однесен во штипската Клиничка болница.
Од Клиничката болница велат дека лицето е со повреди, но е надвор од животна опасност.
Од МВР најавуваат повеќе детали за подоцна.