Непознато лице на социјалните мрежи во име на полицаец се заканувало на други лица – ММС
ММС

Објавено на: 08/14/18 1:39 PM

Непознато лице на социјалните мрежи во име на полицаец се заканувало на други лица

Во полициската станица Бит Пазар синоќа полицаец пријавил дека непознато лице на социјална мрежа во негово име и со слика им се заканувал и им барал пари на други лица.

Како што соопшти МВР, синоќа во 22:40 часот во Полициската станица Бит Пазар полициски службеник од Скопје пријавил дека непознато лице ја презело неговата слика од социјална мрежа, на која бил во полициска униформа, и на истата социјална мрежа во негово име и со негова слика им се заканувал и им барал пари на други лица.

Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.