Ештон Катчер и Мила Кунис сепак ги капат своите деца.
Актерот објави урнебесно видео на кое се гледа како тој и Мила ги капат децата – ќерката Вајат Изабел (6) и синот Димитри Портвуд (4).
Ештон на видеото ја исмејува дебатата што се разгоре последната недела, бидејќи тие изјавија дека редовно не ги капат своите деца .
– Ова е смешно! Што се случува, продолжи да зборува во неверување.
– Ги капам своите деца, низ насмевка одговара Кунис.
– Ова е четврти пат за оваа недела, возвратил Катчер.
– Тоа е премногу, се сложила Кунис, на што нејзиниот сопруг заклучил: „ Ќе им го тргнеш целото масло од нивните тела. Што се обидуваш да направиш?”
Извор: Индекс.хр
View this post on Instagram


