За првпат во историјата се очекува белата популација на САД да се намали – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/21 9:00 AM

За првпат во историјата се очекува белата популација на САД да се намали

Според веста на „Њујорк пост“ (New York Post), Пописот во 2020 година, чии конечни резултати се очекува да бидат објавени денеска, ќе покаже дека во САД во последните пет години бројката на белата популација е намалена, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според тие податоци, се предвидува односот на белците со општата популација во земјата ќе падне под 60 проценти за првпат во историјата.

Покрај тоа, се наведува дека не-белците го достигнаа мнозинството од населението помладо од 18 години.

Популацијата на белците се очекува да се намали во 26 држави. Исто така, се наведува дека популацијата на белците ќе надмине 50 проценти од вкупното население во само пет држави и регионот Вашингтон.

Се смета дека во вкупниот раст на населението во земјата најмногу придонесуваат граѓаните од латиноамериканско и азиско потекло.

Според тоа, во држави како што се Тексас, Флорида, Аризона, Ново Мексико и Невада, латинонаселението придонесува во растот на населението.

Од друга страна, Вилијам Фреј, демограф од Институтот „Брукинг“, коментира дека намалувањето на популацијата на белците во САД се случило осум години порано од очекуваното.