Тркалезна маса за родовата еднаквост во спортот – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/21 7:58 AM

Тркалезна маса за родовата еднаквост во спортот

Тркалезна маса на тема: „Родово еднакви – спортски здрави” ќе се одржи денеска во Битола, во организација на мобилизаторот Мартин Николовски. Ќе учествуваат претставници од Агенцијата за млади и спорт, локалната власт и спортските федерации.

Како што соопшти организаторт, целта е да се дискутира за учеството на жените во спортот и спортските федерации и да произлезат препораки и потенцијални решенија за зајакнување на оваа улога.

Тркалезната маса е во рамки на проектот „Поддршка на изборните реформи во Република Северна Македонија”, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) во партнерство со Националниот младински совет на Македонија (НМСМ).

Тркалезната маса се организира на национално ниво и ќе се дискутира во насока на зголемување на процентот на учество на жената во спортот.

 

 

Фото:

dailyutahchronicle.com