Сончево и топло со мала локална облачност – ММС
ММС

Објавено на: 08/13/21 7:20 AM

Сончево и топло со мала локална облачност

Времето денес во земјава ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Највисоката дневна температура ќе изнесува 38 степени на југот на државата, информираат од УХМР.

Во следните денови ќе се задржи претежно стабилно и топло време. До сабота ќе дува слаб до умерен северен ветер, а од почетокот на идната седмица ветерот ќе го промени правецот во јужен и температурите ќе бидат во благ пораст.