Измамена 70-годишна старица – и рекле дека нејзиниот син прегазил малолетник, па им дала пари – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 4:00 PM

Измамена 70-годишна старица – и рекле дека нејзиниот син прегазил малолетник, па им дала пари

Вчера во 20.30 часот во Полициската станица Аеродром, 70-годишна жена од Скопје пријавила дека на 07.08.2021 била измамена од едно лице, информираат од МВР.

Според пријавеното, лицето телефонски ѝ кажало дека нејзиниот син прегазил малолетик, но доколку му даде одредена сума на пари тој може да помогне да не издржува затворска казна,. Како што е пријавено, тие се договориле и таа му ги дала парите, а подоцна сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.