Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна.
За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци.
Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома, напиша премиерот Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил по повод Меѓународниот ден на младите кој се одбележува под мотото „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“.
Според Заев, исклучително е важно да се адресираат и други клучни предизвици кои се дел од #Агенда2030 на Обединетите Нации, како: намалувањето на младинската невработеност, социјалната вклученост, здравствената грижа, зачувувањето на биолошката разновидност и ублажување на климатските промени.
Во постот, Заев не заборави да ги спомне и младите доктори на кои во оваа прилика им оддава јавно признание и благодарност.
Земјоделството и производството на храна се шанса за успех, а пандемијата со КОВИД-19 уште повеќе ја нагласи потребата населението да биде обезбедено со здрава, безбедна, квалитетна и разновидна храна. За таа цел, оваа Влада ја донесе мерката за поддршка до 20.000 евра неповратни средства за поттикнување на земјоделското производство на млади земјоделци. Отворена е можноста, што повеќе млади да се вклучат во целокупниот процес на земјоделство, да обезбедат добри услови за својата иднина и да останат, да ја градат тука, дома, напиша премиерот Зоран Заев на својот официјален фејсбук профил по повод Меѓународниот ден на младите кој се одбележува под мотото „Трансформирање на системите за храна: Младинска иновација за човечко и планетарно здравје“.

МИА