Момче од Арчиново изврши девет кражби – Полицијата конечно го фати – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 10:06 AM

Момче од Арчиново изврши девет кражби – Полицијата конечно го фати

Младо момче уапсено поради извршени девет кражби во Скопје, информираат од полцијата.

-По преземени мерки и активности, на 11.08.2021 година во 15.00 часот на бул.„Гоце Делчев“, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода Х.З.(20) од с.Арачиново, скопско. Тој се сомничи дека во периодот од 22.06. до 10.08.2021 на кеј „Димитар Влахов“, на потегот од црквата Св.Богородица до МРТВ, извршил девет кривични дела „разбојништво“. Тој бил приведен во полициска станица и во присуство на Јавен обвинител било извршено препознавање од страна на оштетените. По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена пријава по член 237 од Кривичниот законик, стои во соопштението на Министерството за внатрешни работи.