Сопругот спие во подрумот за да има место за децата: Станала мајка на 14 години, сега има 11 деца и сака уште – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 8:46 AM

Сопругот спие во подрумот за да има место за децата: Станала мајка на 14 години, сега има 11 деца и сака уште

Вероника Мерит (36) од Њујорк своето прво дете го родила кога имала 14 години. Ќерката Викторија, всушност сега има 21 година. До своите 34 години, Вероника родила дури 11 деца и сите заедно живеат во куќа која ја купила на аукција за 14 илјади фунти. Таа признава дека сака уште шест деца иако на интернет ја критикуваат.

„Добивам многу негативни коментари. Често ме прашуваат дали децата се од ист така, или дали имаме телевизор. Сакам на таквите луѓе да им подарам огледало, па така да си се гледаат себе и својата работа“, вели Вероника.

Таа живее во домот кој го купиле заедно со сопругот Метју (37) ланската година. Семејството потрошило околу 1,5 илјади фунти за преуредување на домот.

„Не морате да купите скапа куќа. Заштедете пари и преуредете го домот кој на крај ќе вреди многу повеќе“, советува Вероника.

За списанието Fabulous таа раскажала дека неочекувано забременила уште додека одела на училиште, по што се омажила за нејзиното тогашно момче, татко на нејзините две најстари деца. Парот потоа се развел.

„Средно училиште завршив со одличен успех, се обидов да одам и на факултет, но се разболев, имам бубрежна болест и го изгубив едниот бубрег минатата година“, раскажува таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Thismadmama (@thismadmama)

Со оглед на тоа дека дома се многу луѓе, нејзиниот сопруг спие во подрумот за да има повеќе место за децата. Вероника која деталите за големото семејство ги споделува на Инстаграм и на ТикТок, вели дека никогаш не користи контрацепција.

„Некои деца беа планирани, но јас не можам да земам апче бидејќи мојата болест значи дека сум склона кон создавање крвно згрутчување. Би сакала да имам уште шест деца. Во бременост поминав осум ипол години“, додава таа.

Со толку деца е тешко да се оди негде, па неодамна таа купила стар училишен автобус за да може да ги вози своите деца.

„Немаме многу трошоци. Поседуваме куќа со 9 спални соби, а сега и автобус, немаме хипотека“, појаснува таа.

Единствено како помош ова семејство добива храна.

„Ве молам немојте да ме мразите, но добиваме помош во храна. Барем привремено додека не почне продажбата на моите слики“, вели таа во едно од своите видеа. Вероника добива многу негативни коментари во кои луѓето забележуваат дека не би требало да има толку големо семејство.

„Ова беше судбина и така требало да биде, моите деца се сакани“, вели Вероника. За себе смета дека не е претерано строга, но има правила кои се важни, а тоа е децата да не пушат, да не се дрогираат, да не излегуваат со партнери до 18 години и да си доаѓаат дома пред да се стемни – пишува The Sun.

 

Извор: 24sata.hr