Сеум дена од смртта на Мирослав Лазански – Што прави неговата непризнаена ќерка! – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 8:25 AM

Сеум дена од смртта на Мирослав Лазански – Што прави неговата непризнаена ќерка!

Ќерката на Мирослав Лазански, Теодора Бјелица, која не доби ни презиме од нејзиниот покоен татко не се појави на погребот на воениот аналитичар и новинар.

Само таа знае како го поминала тој ден, но не зборува  за своите чувства.

Седум дена по смртта на Мирослав Лазански, младата актерка одлучи мирно да го продолжи животот, а еве како сега го поминува времето.

Теодора не крие дека во животот и недостигала фигурата на нејзиниот татко, но  сепак, со текот на времето нејзината мајка станала нејзиниот свет, нејзината најдобра пријателка и поддршка.

Како што еднаш изјавила нејзината мајка Гордана, таа и Теодора зборувале за нејзиниот татко само еднаш, а потоа се ставило точка на оваа тема:

-Одлуката да имам дете беше само моја бидејќи мислам дека секоја жена која е способна треба да стане мајка. Никогаш не прашав ништо од машка страна. Ние знаеме кој е таткото на Теодора. Имавме сериозен разговор кога објаснив се и повеќе не зборуваме за тоа , изјавила Гордана

Таа донесе одлука да не оди на погребот на Мирослав Лазански, Теодора никогаш не се огласи во медиумите за смртта на мажот што не ја призна, а седум дена по неговата смрт мирно продолжи со својот живот.

Извор: Курир.рс