Нов Зеланд останува затворен до крајот на годината, од следната дозволен влез без карантин за одредени патници – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 8:13 AM

Нов Зеланд останува затворен до крајот на годината, од следната дозволен влез без карантин за одредени патници

Премиерката на  Нов Зеланд, Џасинда Ардерн изјави дека границите на земјата ќе останат затворени до крајот на годината во рамките на борбата против пандемијата со вирусот.

„Не сме во позиција целосно да се отвориме. Кога ќе почнеме, тога ќе биде внимателен потег бидејќи сакаме тоа да го направиме со што е можно поголема сигурност“, изјави Ардерн. Според неа, стратегијата на елиминација е најдобар начин за да се „задржи“ ковид-19, додека економијата останува отворена. Таа истакна дека е приоритет вакцинацијата на населението до крајот на годината,  пренесува Би-Би-Си.

Нов Зеланд е меѓу најуспешните држави во светот во борбата против вирусот и во контролирањето на пандемијата. Досега таму се регистирани само 26 смртни случаи.

Нов Зеланд планира да дозволи влез без карантин за патниците од нискориризчните земји од почетокот на следната година.

Оние кои патуваат од земјите со среден ризик ќе треба да бидат во самоизолација или кратко да престојуваат во хотелски карантин. Тие кои доаѓаат од високоризичните држави или кои не се вакцинирани ќе бидат да бидат во карантин 14 дена.

 

Извор:   rs.n1info.com