Сончево со повремено засилен ветер – ММС
ММС

Објавено на: 08/12/21 7:11 AM

Сончево со повремено засилен ветер

Времето денес сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а на места вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Од УХМР велат дека следува период на стабилно и топло време со просечни температури за овој период од годината.

До сабота ќе дува повремено засилен северен ветер, а од почетокот на идната недела ветерот ќе го промени правецот во југозападен.