Многу често кога купуваме праски откриваме дека плодовите не се доволно зрели. Добрата вест е дека сега можеме да го решиме овој проблем благодарение на практичен трик.
Баба која објавува снимки на TikTok под името „Brunchwithbabs“ сподели видео на кое се гледа како праска може да созрее за само 24 часа, а за тоа ви се потребни хартиена кеса и банана.
Сe што треба да направите е да ставите праска и банана во торба, а потоа да ги оставите на дневна светлина.
„Ставете торба со праска и банана на прозорецот 24 часа и ќе ги имате најслатките праски досега“, вели баба во видеото.
Многумина беа импресионирани од овој едноставен метод, а некои тврдат дека овој метод може да се користи и за зреење домати и авокадо.
Извор: Стил.курир.рс