Колку вода треба да пиете дневно според вашата килажа? – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/21 6:04 PM

Колку вода треба да пиете дневно според вашата килажа?

Водата е за телото исто како гориво за автомобил. Штом неговото ниво е критично, црвеното светло се појавува во форма на жед, гадење, главоболка.

Ова значи дека дехидрацијата веќе отишла предалеку. Затоа е важно редовно да пиете вода – бидејќи течноста, испиена пред неколку часа или претходната ноќ, – не се брои.

Како правилно да ја пресметате количината на вода што треба да ја пиете секој ден? Предлагаме да ја користите оваа табела за преглед. Зачувајте ја и искористете ја за здравје.

40 кг – 1,2 литри

45 кг – 1,4 литри

50 кг – 1,5 литри

55 кг – 1,7 литри

60 кг – 1,8 литри

65 кг – 2 литри

70 кг – 2,1 литри

75 кг – 2,3 литри

80 кг – 2,4 литри

85 кг – 2,6 литри

90 кг – 2,7 литри

95 кг – 2,9 литри

100 кг – 3 литри

Три корисни совети за да научите да пиете повеќе вода:

Истурете мала количина вода во чашата. Започнете со онаа количина на течност што е оптимална за вас. Подобро е да се испијат неколку голтки со задоволство, отколку цела чаша, но со сила.

Чувајте сад со вода на видик. Подобро е да купите убаво шише што ќе ве мотивира за нови достигнувања и ќе ве потсетува на здрав начин на живот со добри навики.

Користете мобилни апликации. За да контролирате и да добиете потсетници за потребата да пиете вода, инсталирајте некои од апликациите.

Извор: Стил.курир.рс