Ќе ме чуваат две девојчиња – Водителката Милена е бремена, чека втора ќерка – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/21 7:00 PM

Ќе ме чуваат две девојчиња – Водителката Милена е бремена, чека втора ќерка

Убавата и згодна водителка, Милена Антовска Станковска по втор пат ќе стане мајка. Дознаваме дека таа е во блажена состојба и дека носи ќерка. ММС ја контактираше Милена и таа ни ја потврди среќната вест.

-Да вистина е, на половина бременост сум. Уште малку и ќе бидам во петтиот месец. Очекувам бебето да не израдува во јануари. Веќе се знае дека е женско , наша втора ќерка и Лана Марија ќе си добие сестричка.  Уште едно девојче, навистина многу сум среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме и син, но не ми е жал. Нели ќерките повеќе ги чуваат родителите. Па ако е така јас и Гордан со две ќерки значи ептен ќе бидеме чувани, рече Милена за ММС и додаде.

-Бебето ќе се роди во јануари и ако се погоди јарец во хороскоп, како што сум јас, тешко на Гордан.  Име уште не сме смислиле, сега за сега не можеме да се договориме. За Лана се договоривме веднаш, па потоа го додавме Марија, бидејќи се роди на Голема Богородица.  А за ова има време, ќе смислиме, нека е живо и здраво, тоа е најважно. Лана е превозбудена, ептен среќна е и секој ден прашува како е бебето. Јас се чувствувам супер, се е во ред иако малку ми е потешко од првата бременост. Но, и жештините си го прават свето. Мислев дека не сакам второ дете, но како поминуваат месеците така се повеќе и повеќе се радувам и сметам дека нешто поубаво и не можеше да ми се случи, откри Милена за ММС.

Весна Миленковска