Повторно фатен прилепчанец како подметнува пожар – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/21 4:40 PM

Повторно фатен прилепчанец како подметнува пожар

Вчера СВР Битола – ОВР Прилеп до ОЈО Прилеп поднесе кривична пријава против Е.М.(34) од Прилеп, поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, информираат од МВР.

На 06.08.2021 околу 06.15 часот во м.в. Дабница, прилепско, во близина на споменикот, тој бил лишен од слобода од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека предизвикал пожар на местото Дабница.