(Видео) Бог ги услиши молитвите, ни прати дожд – Во делчевско конечно заврна, заедно со град – ММС
ММС

Објавено на: 08/11/21 3:43 PM

(Видео) Бог ги услиши молитвите, ни прати дожд – Во делчевско конечно заврна, заедно со град

Молитвите беа услишани, Бог ни прати дожд! Вака жителите од делчевско предмалку реагираа кога во овој крај по големата борба со жешкото време и пожарите конечна заврна. Дождот во моментов паѓа заедно со град, но никој тоа не го зема за зло.

„Само нека врне“  велат тие.

Видеото е направено во делчевското село Ѕвегор, каде се гледа невремето, кои им ги уништило земјоделските култури,  но и покрај тоа тие во дождот гледаат спас.

-Една неволја си оди, друга доаѓа, ќе нема пожари, но и градинарски култури, велат дел од жителите од делчевско, кои сведочат на голем град, кој ја побелел земјата.